Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Од:

Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања, а возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок за плаќање се задржуваат најмногу до пет минути за регулирање на обврската – информираат денеска од МВР.

Нагласуваат дека благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден град“ постапката е значително олеснета и забрзана.

Министерството за внатрешни работи на 20 август ја стави во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс – „Безбеден град“, што во оваа фаза е наменета за странските државјани – сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички, за не се задржуваат на границите за да ја платат казната.

Странските државјани преку апликацијата може, едноставно, и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги намират глобите по електронски пат. При логирањето, потребно е возачот да ја фотографира или скенира својата патна исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што тој ги користи во нашата држава.

На овој начин, странските возачи кои со своите возила ќе бидат евидентирани дека сториле сообраќаен прекршок на територијата на целата држава, ќе може навремено и едноставно да се информираат и да ја регулираат својата обврска, без потреба од дополнително задржување на граничните премини.

МВР најави дека ќе продолжи со унапредување на дигиталните услуги, а во следните фази се предвидува проширување на функционалностите и за други категории корисници.

Би можело да ве интересира

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

На Табановце се чека и до 40 минути за влез и излез од државава

А1он

Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возеше 168 км/ч на место каде е дозволено 80

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Хаос на Табановце: Странци со часови чекаат да ги платат казните од „Safe City“

Горан Наумовски