Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Сплит, соопшти Хрватската сеизмолошка служба.
Земјотресот е забележан во 12:24 часот, со епицентар на 30 километри северно од Сплит.
Набрзо потоа, во 12:37 часот, е забележан нов земјотрес со јачина од два степена според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на 31 километар северно од Сплит.
