Умерен земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на морското дно во близина на Ровињ, соопшти Одделот за геофизика на Природно-математичкиот факултет во Загреб.
„Утрово, во 3.05 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска регистрираа умерен земјотрес на морското дно на северниот Јадран, 11 километри западно-југозападно од Ровињ. Јачината на земјотресот беше 3,4 степени според Рихтеровата скала“, соопшти Одделот за геофизика.
