Уште еден земјотрес ја потресе Хрватска: Овој потрес беше уште посилен од претходниот

Од:

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:38 часот во Хрватска.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 43,8284 и географска должина 16,572, исто така во близина на Врлика, околу 36 километри северно од Сплит.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 3,3 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата. Интересно е што ова е втор силен земјотрес во регионот. Првиот се случил во 17:25 часот.

Сведоци ги опишале своите искуства по првиот удар, а еден од нив рекол дека изгледало како камион да удрил во зграда.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Земјотрес во Хрватска

Земјотрес со јачина од 2,7 степени по Рихтер во близина на Задар

А1он

Земјотрес во Јадранското Море – се тресеше во близина на Сплит