И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска.

При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час.

М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

На Табановце се чека и до 40 минути за влез и излез од државава

А1он

Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возеше 168 км/ч на место каде е дозволено 80

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Хаос на Табановце: Странци со часови чекаат да ги платат казните од „Safe City“

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Безбеден град“ и за странци, најмногу гужва и реакции на влез преку Прешево

Катерина Ѓуровски