Трамп објави мапа на Ормутскиот теснец и го прогласи за територија на САД

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави мапа на Ормускиот теснец и го прогласи за американска територија.

На објавената слика е прикажана мапа на која е означена областа што ги опфаќа Ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи.

Над неа стои коментарот: „нова територија на САД“.

Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион поврзан со Ормутскиот теснец.

Позадината на оваа објава на Трамп е многу посериозна од самата провокативна слика на социјалните мрежи.

Сообраќајот низ Ормутскиот теснец е сведен на само неколку трговски бродови дневно. Според податоците на компанијата „Кеплер“ (Kepler), во четвртокот низ теснецот поминале само седум товарни бродови – четири влегле во Персискиот Залив, а три излегле од него.

Меѓу нив немало големи танкери за сурова нафта или за течен природен гас. Пред почетокот на тековниот конфликт, низ овој премин се одвивал транспортот на околу 20 отсто од светските количини на сурова нафта и течен природен гас.

Истовремено, Иран покажа дека сè уште се обидува да одлучува кој може да помине.

Во саботата, по дипломатските разговори со Багдад, Техеран одобри посебна дозвола за група ирачки танкери да го користат Ормутскиот теснец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Шлаканица“ од Трамп за Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател!

А1он

Нова „плавуша“ влегува во „Белата куќа“ – Трамп ја назначи Кејти Закарија за портпарол

А1он

Трамп збесна поради добитникот на Нобеловата награда за мир: „Ова е срамота! Јас спасив милиони животи!“

А1он

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

А1он