Напаѓач со мачета повреди неколку луѓе во училиште во Шведска

Од:

Напаѓач вооружен со мачета денеска повреди неколку лица во средно училиште во централна Шведска, соопштија властите.

Медиумите известуваат дека полицијата пукаше кон осомничениот.

Во првичниот извештај на Ројтерс се наведува дека неколку лица се повредени во напад во средно училиште во централна Шведска.

„Напаѓач вооружен со меч влезе во училиштето Brinellskolan и повреди неколку лица“, соопштија од општината Фагерста, додавајќи дека полицијата го приведе напаѓачот.

Весникот „Афтонбладет“ објави дека полицијата пукаше во лице вооружено со мачета.

Бројот на повредените, сериозноста на нивните повреди, како и околностите на нападот сè уште не се познати.

Истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Руски хакери тврдат: НАТО ги координира нападите на Русија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жена избоде четворица мажи во центарот на Лондон

Горан Наумовски

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Шведска го прогласи рударството за национален интерес, Македонија сè уште не го користи својот потенцијал

Масовен руски напад врз Украина, Полска ја активираше својата авијација

(ВИДЕО) Напад во Париз: Најмалку три лица избодени на сред улица