„Скејтбордингот не е за девојчиња“ во трка за главната награда на Сараевскиот филмски фестивал

Од:

Два проекти во продукција на „Сестри и брат Митевски“ се во фокусот на годинашното издание на Сараевскиот филмски фестивал.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот долгометражен филм на Дина Дума, ја имаше својата европска премиера во официјалната натпреварувачка програма на 32. Сараевски филмски фестивал.

Филмот, во продукција на Лабина Митевска и реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, е еден од деветте играни филмови во конкуренција за „Срцето на Сараево“.

Филмот има своја историја со Сараево. Во 2022 година, додека сè уште беше проект во развој, на CineLink Co-Production Market освои две награди во вкупна вредност од 20.000 евра. Четири години подоцна се враќа на фестивалот како завршен филм и бележи одличен прием кај публиката. Засега води во рангирањето на играните филмови според гласовите на публиката, а конечните резултати се очекуваат вечерва. Филмот беше прикажан и во програмата за млади.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја следи единаесетгодишната Адела, која се обидува да ја заштити својата постара сестра Зара од притисоците на традицијата и средината.

Во исто време, серијата во жанрот на хорор-комедија, „Мала Југославија“ (Little Yugoslavia) ја освои Female Voices CineLink Award, награда за развој во вредност од 20.000 евра, во рамки на CineLink Drama, програмата наменета за развој на телевизиски серии.

Би можело да ве интересира

Дина Дума со „Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival

А1он

Македонската кинематографија со бројни активности во Кан

Агенција за филм: Извештајот на ДЗР се однесува до крајот на 2024, голем дел од проблемите се надминати

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

Лазаревски: Нема конфликт на интереси во Агенцијата за филм