(ВИДЕО) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

Од:

Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и сочувствувам со семејствата. И тоа така ќе биде секогаш. Јасно кажа, обвинителството нема злоупотреба на службената должност, нема штета на буџетот и тоа го отсликува целокупното мое работење секаде, дали на клиника во интерес на пациентите некорумпирано, така и во рамките на другите функции кои што сум ги имал, се во интерес на граѓаните без никаква штета по никого. Меѓутоа на Христијан Мицкоски и на неговата организирана криминална група, на главниот ПР советник Латас, им требаше убиец, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

– Пет години зборат за мене дека сум убиец, ме споредуваат со убиец, ме споредуваат со доктор Менгеле, замислете, јас што спасувам животи, за кој што здравјето на граѓаните ми е на прво место, не престанаа. Не престанаа ни вчера, после одлуката на овинителството, излегоа некои млади членови на криминалната група, го продолжија тоа, денес премиерот исто така на прес-конференција. Јас после пожарот во Тетово поднесов оставка, како морален човечки чин. Денес гледаме како кога има толку заразени луѓе, кога тоа се случува со загадената вода во Гостивар, Христијан Мицкоски оди на екскурзија. Денес повторно си игра со чувствата на луѓето, повторува неколку пати на прес-конференција, живи и изгорени луѓе и така натаму, и јас сега тоа нема да го правам споредба.

Нема поради тоа што сум човек, имам емпатија и сочувствувам, а може да споредувам со други случаи, а тоа доволно говори само за тоа каков човек е Христијан без сочувство, без срам, без жал. Затоа сега барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Не мене да ми се извини, да се извини криминалната група и Христијан Мицкоски да се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години си поигруваат со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал.

Да се извини и на граѓаните, затоа што пет години шират лажни вести. Затоа што го загадуваат јавниот простор со несоодветен наратив. Мене не мора да ми се извинат, јас тоа од нив не го барам. Многу добро знам со какви луѓе си имам работа. И ќе завршам со следното, нешто што повеќе пати го кажувам, после следните избори доаѓа правдата во Македонија, и Христијан Мицкоски и криминалната група за сè што прават овие изминати две години ќе одговараат. Никола Груевски избега, Христијан нема да избега, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Скандалозна одлука – 14 лица загинаа, а предметот за модуларната болница е затворен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

Мицкоски: Ако опозицијата побара избори ќе договориме термин, ние сме подготвени да излеземе