Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 21 август 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 174,06 евра/mwh, додека на MEMO цената е 140,58 евра/mwh.
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 152,86 евра за мегават час, а на MEMO 98,90 евра.
Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува разликата помеѓу часовните берзански цени помеѓу 12 и 14 часот наспроти часовните берзански цени во периодот помеѓу 18 и 20 часот, изнесува 81,13 евра за мегават час.
Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 62,80 евра, додека цената според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 66,13 евра.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас, подготвени од експертскиот тим на ЕДС, може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката на електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.
