Јаневска бара да се поништи Бадентер и ги нарекува Албанците „мала Заедница“, реагира ДУИ

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро реагира на изјавата на министерката за образование и наука Весна Јаневска, оценувајќи дека нејзините ставови претставуваат директен напад врз еден од клучните механизми на уставниот поредок произлезен од Охридскиот рамковен договор.

Јаневска Бадентерот го нарекува „алатка“ и бара тој да не се применува таму каде што таа и Владата сметаат дека „не треба“. Од ДУИ велат дека Бадентеровото мнозинство не е алатка која Владата може селективно да ја употребува или избегнува според сопствена проценка, туку уставно утврден механизам.

„Уште попонижувачки е тоа што, во контекст на блокадата од албанските пратеници, министерката зборува за Албанците како за ‘мала заедница’. Албанците се државотворен народ и суштински дел од уставниот поредок произлезен од Охридскиот договор“, стои во реакцијата на ДУИ.

Од партијата посочуваат дека Бадентерот е уставна гаранција дека бројното мнозинство нема самостојно да одлучува за прашања што ги засегаат јазикот, образованието и идентитетот на Албанците.

„Барањето за селективна примена на Бадентер значи негово целосно обесмислување. Уставот не ѝ дава право на министерката да одлучува кога ќе се применува уставниот механизам, а кога не“, наведуваат од ДУИ.

Од партијата оценуваат дека ова е последица на, како што велат, „недостатокот на легитимитет и неспособноста на ‘Вреди’“.

„Нивното присуство во Владата не ги заштитува Албанците. Нивното молчење им овозможува на министрите јавно да ги понижуваат Албанците без никаква одговорност“, се додава во соопштението.

ДУИ бара министерката Весна Јаневска веднаш јавно да се извини и да ја повлече изјавата.

„Законите за образование мора да бидат донесени согласно Уставот и со потребното Бадентерово мнозинство.

Бадентерот не ѝ е оставен на располагање на Владата. Тој е уставна обврска“, порачуваат од Демократската унија за интеграција.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Две нови категории стипендии за студенти, се размислува и за нови видови субвенционирање на студентскиот оброк

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Јаневска за случајот со Дарко Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет, ДПИ ќе постапува ако се работи за избор во звање