Петрушевски: Филипче кој е на Егејот има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран, граѓаните да немаат грижа – водата во Гостивар е безбедна за пиење

Од:

СДС и раководството на партијата поставено од Зоран Заев освен што постојано сведочиме како шират лаги, паника меѓу граѓаните, веќе покажуваат и целосна дезориентираност. Така закажуваат, па презакажуваат, па откажуваат настани. Претседателот Венко Филипче кој е заедно со Заев на Егејот, најдобро да се врати час поскоро затоа што почнаа да се покажуваат првите симптоми кога ќе те удри сонце во глава, а тоа е дезориентираност – истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција.

Во прилог ја пренесуваме интегрално прес-конференцијата.

Видливо е дека во СДС навистина се во целосен хаос.

Во оваа прилика ќе им укажеме дека нивните кажувања останаа на ширење лаги и паника кај граѓаните и не само лаги, туку и опасни информации по здравјето за граѓаните.

Прво, факт е дека водата е безбедна за пиење во Гостивар. Сите надлежни инситутции во соодветен рок ги направија сите неопходни испитувања и вчера се покажа дека водата е веќе безбедна за пиење. Но, СДС и по оваа вест почна да зборува во празно, да бара документи.

Второ, лагата за водата во Скопје ги надмина сите размери на политичка пропаганда, односно беше опасна здравствена информација за граѓаните на главниот град, но веднаш побиена со докази.

За крај денеска имаме само едно да кажеме, граѓаните се безбедни и водата за пиење и во Гостивар е безбедна. Оваа Влада се грижи за секој еден граѓанин.

А на СДС, најдобронамерно им кажуваме, час поскоро да се соземат, бидејќи хаосот во кој се, е преголем и им станува само дополнителен проблем во опстојување на политичката сцена.

Би можело да ве интересира

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години

(ВИДЕО) Водата во Гостивар е безбедна за пиење

Катерина Ѓуровски

Левица: Двапати ја прогласиле водата во Гостивар за безбедна, никој од здравствениот синџир не е разрешен