Андоновски: Винарниците и другите фирми можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино

Од:

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство.

„Наместо посета на шалтер и дополнителна административна постапка, барањето може да се поднесе онлајн преку Националниот портал uslugi.gov.mk. Побрза постапка, помалку бирократија и полесен пат до извозните пазари“, напиша министерот.

Со секоја нова е-услуга, како што нагласува Андоновски, создаваме поефикасна администрација и подобри услови за компаниите да произведуваат, извезуваат и растат.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите

Андоновски: Со СМАРТ лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027

Катерина Ѓуровски

Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино

Андоновски: Потребен е модел за забрана или ограничување на користење телефони за време на наставата

Привремено недостапни дел од електронските услуги на порталот uslugi.gov.mk