Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

Од:

Пораките дека водата во Скопје е загадена е обид за внесување немир и несигурност меѓу граѓаните преку хибриден напад, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на нова спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во Општина Кисела Вода, додавајќи дека повеќе од десет лица се повикани на разговор во МВР.

„Јас се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните. Но, она што мене посебно ме загрижува е што мислам дека тука има и други, повеќе комерцијални обиди бидејќи во еден ден, наеднаш, голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви и количини на флаширана вода“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека социјалните медиуми, за разлика од пред десетина година, се станати терен на кој „секој пишува сѐ што сака и нема никаква одговорност, без разлика дали е тоа вистина или не е“.

Премиерот рече дека станува збот за центри што создаваат хистерија на социјалните мрежи, обвинувајќи дека зад нив стојат опозициски партии.

Во врска со обвинувањата од опозицијата која од Владата бара одговорност за водата во Гостивар, Мицкоски рече дека треба да се обратат кај градоначалникот на Гостивар кого го поддржале на изборите, а тој го поставил раководството на јавното претпријатие кое стопанисува со Водоводот. Ја упати опозицијата одговорност да бара и кај претходни министри, дел и од нивните редови, кои со години не презеле ништо иако имало извештаи за незадоволителен квалитет на водата во тој град.

„Нема да слушнете од СДСМ за одговорност од градоначалникот, бидејќи е нивни кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност таму каде што таа одговорност ја нема. Напротив, ние во Владата дадовме сè што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега односно за помалку од четири недели комплетно е прочистен системот како никогаш досега. Ние како Влада обезбедивме преку четири недели, секој ден, од два до три шлепери вода, тоа се приближно 50-60 тони вода за пиење додека не се прочисти системот и додека параметрите не дојдоа на задоволителното ниво, а веднаш по првата недела обезбедивме техничка вода која можеа да ја користат граѓаните на Гостивар. Од овој момент па натаму грижата е целосно кај јавното претпријатие кое дава таква услуга – водовод во Гостивар“, рече Мицкоски, додавајчи дека истрагата за водата во Гостивар треба да продолжи додека да се опфатат сите што имале и најмала одговорност и додека не се констатира кој е виновен за овој случај.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Петрушевски: Филипче кој е на Егејот има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран, граѓаните да немаат грижа – водата во Гостивар е безбедна за пиење

A1on

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

АХВ: Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче