Три земјотреси во текот на ноќта ја погодија Босна и Херцеговина, а епицентрите се наоѓаа во близина на Сараево, на околу 30 километри од главниот град.
Првиот земјотрес се случи во 00:45 часот и имаше магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот се наоѓаше во близина на Фоча, на 32 километри од Сараево.
Само 15 минути подоцна следуваше ново потресување на тлото, со епицентар во близина на Горажде, на околу 30 километри од Сараево.
Овој земјотрес беше послаб и имаше магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала.
Третото потресување е регистрирано околу 3 часот по полноќ, со магнитуда од 3,3 степени.
Епицентарот на третиот земјотрес беше во Соколац, исто така на околу 30 километри од Сараево.
Сите три земјотреси се почувствуваа во Сараево, а најголем број реакции на страницата на EMSC оставија жители на главниот град на Босна и Херцеговина.
