Британскиот велосипедист Финлеј Тарлинг (19) загина на трката во Португалија – директен судир

Од:

Британскиот велосипедист Финлеј Тарлинг загина за време на осмата етапа на трката „Волта а Португал“. Трагичната несреќа се случи на патеката од Мелгасо до Фафе, долга 166,8 километри.

Според португалскиот јавен сервис RTP, Тарлинг се судрил директно со возило кое не било дел од трката и се движело во спротивна насока. Несреќата се случила на околу 20 километри пред целта.

Трката веднаш била прекината, а церемонијата на доделување на медалите и наградите била откажана во знак на почит кон трагично загинатиот велосипедист.

Тарлинг настапуваше за развојниот тим NSN Development Team и важеше за голем талент на британскиот велосипедизам. Тој беше помладиот брат на Џош Тарлинг, велосипедист кој настапува на највисоко ниво за Ineos Grenadiers.

Од NSN Development Team соопштија дека се скршени од болка поради неговата смрт.

„Фин беше многу сакан член на нашиот тим, но најважно од сè, беше син, брат и пријател на многу луѓе. Многу ќе ни недостига“, соопштија од тимот.

Би можело да ве интересира

Премиерлигата стартува: Арсенал ја брани титулата, девет клубови со нови тренери

Предраг Петровиќ

Пазарот полуде: Три трансфери над 100 милиони фунти

Предраг Петровиќ

Чиро Имобиле ја заврши кариерата на 36 години: Семејството на прво место

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Брод полн со туристи се приближи до јахтата на Халанд, неговата реакција стана хит

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА

Денес стана најскапото засилување на Реал, а сè уште ја носи болката: Дрога во пијалакот ѝ го одзеде животот на неговата сестра