Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес го посети местото на пожарот во Омиш и изрази почит кон сите оние кои се бореа против пожарот, нагласувајќи дека е оштетен имот, но дека животите на луѓето се најважни.
„Ужасен настан, природен, а можеби не само природен – тоа не го знаеме. Изразувам почит и благодарност до сите оние кои се бореа против пожарот, тоа се првенствено пожарникари, но тие не се единствените – тоа се сите оние кои беа вчера и денес и ќе бидат во наредните денови и часови обезбедувајќи го подрачјето. И им се заблагодарувам. Сега ќе го разгледаме подрачјето, имотот е оштетен, но тоа е второстепено во однос на луѓето, кои, за жал, беа изненадени“, изјави Милановиќ за новинарите.
Милановиќ рече дека дошол во Омиш од Хвар и дека целото подрачје било покриено со чад.
