Четворица Унгарци повредени во пожарот во близина на Омиш

Од:

Унгарското МНР објави дека четворица Унгарци се повредени во пожарот во Омиш во Хрватска, објави новинската агенција MTI.

Двајца од нив се во болница и се очекува да бидат пуштени подоцна. Останатите унгарски туристи се безбедни во Сплит, Макарска и Трогир, како и на безбедни места во Омиш. Ним им помагаат двајца унгарски полицајци кои пристигнале од Задар, а конзулот од Сплит и персоналот на амбасадата во Загреб се исто така на пат.

Министерката за надворешни работи Анита Орбан изјави дека 45 Унгарци се регистрирани во прифатниот центар во Омиш, според MTI.

Би можело да ве интересира

Зоран Милановиќ во Омиш: Имотот е оштетен, но животите на луѓето се најважни

Мртво лице е пронајдено во пожарот во близина на Омиш

Горан Наумовски

Орбан: Се подготвува мобилизација на Унгарците од Закарпатија