Се гаснат шест пожари, под контрола се два

Од:

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, под контрола се два пожари, а четири пожари се изгаснати.

Активни пожари се пожарите во с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума) во Општина Студеничани, во м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки) во Општина Македонски Брод, с. Маково – с. Црничани – с. Рапеш (ниска вегетација и деградирана шума) во Општина Новаци, с. Слп (ниска вегетација и ретка дабова шума) во Општина Велес, во с. Копанце (шума) во Општина Јегуновце и во с. Зајас (нискостеблеста шума) во Општина Кичево.

Под контрола се пожарите во с. Алданци – с. Норово (нискостеблеста деградирана дабова шума) во Општина Крушево и на градска депонија во Општина Делчево.

Изгаснати се четири пожари:
Општина Могила: с. Лознани и с. Вашарејца (ниска вегетација).
Општина Битола: с. Лопатица (ниска вегетација).
Општина Штип: с. Сушево (ниска вегетација).
Општина Тетово: ул. „Иво Лола Рибар“ (ниска вегетација).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он