МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Од:

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) реагираше на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во Мркоњиќ Град зборуваше за присуството на Српската православна црква, при што го спомена и Скопје.

Од Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА посочуваат дека Црквата ја исполнува својата духовна и пастирска мисија на својата канонска територија и се грижи за сите православни верници, независно од нивната национална, етничка, политичка или културна припадност.

Во реакцијата се нагласува историскиот континуитет на МПЦ-ОА, која се повикува на наследството на Јустинијана Прва и обновената Охридска архиепископија. Од Синодот велат дека Црквата останува отворена за сите православни христијани и дека своето духовно делување не го условува со политички или национални поделби.

„Длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста во духовниот живот на македонскиот народ, а водена од евангелските начела и богатото православно предание, таа останува Црква отворена за сите“, се наведува во реакцијата.

МПЦ-ОА истовремено потенцира дека единството на верата и евхаристиското заедништво треба да бидат над политичките, идеолошките и општествените поделби. Како основни начела во своето дејствување ги издвојува Евангелието, православната вера и грижата за верниците.

Односите меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква добија нова динамика во 2022 година, кога СПЦ ја призна автокефалноста на Македонската православна црква. Одлуката беше јавно соопштена на 24 мај истата година во Скопје од страна на патријархот Порфириј.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина нема време за евроскептицизам, ни требаат пари за да преживееме

Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“

Нови тензии меѓу Белград и Сараево: Хелез порача дека „Дрина е граница“, Гашиќ возврати – „Никогаш нема да биде граница на српскиот народ“

Вучиќ: „Од ноќеска тарифите за Србија повеќе не постојат“; „Америка ги укина царините од 35 отсто“

Вучиќ: Јас сум единствениот што не ја потпиша декларацијата на самитот Југоисточна Европа-Украина

Горан Наумовски

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро