Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес за време на посетата на ракетниот крстосувач „Варјаг“, каде што ја набљудуваше последната фаза од вежбите на Тихоокеанската флота, изјави дека НАТО го зголемува своето воено присуство во Тихоокеанскиот регион и дека потенцијалот за конфликт во регионот расте.

– Гледаме дека, за жал, потенцијалот за конфликт тука расте. НАТО се инфилтрира тука, се создаваат нови воено-политички блокови и се распоредуваат или планираат нови системи на оружје што претставуваат закана за нашата земја, рече Путин, пренесе агенцијата РИА Новости.

Тој оцени дека вежбите на Тихоокеанската флота се неопходни за одржување на нејзината борбена готовност, заштита на руските интереси и безбедност во Азиско-пацифичкиот регион, како и за зајакнување на военото присуство на Русија, земајќи го предвид искуството од војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски