ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Од:

Ниту еден од првите албански заменици-премиери во актуелната Влада не претседавал со седница на Владата од јуни 2024 година до денес, тврди Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите.

Според ДУИ, Изет Меџити, Беким Сали и Арбен Фетаи досега немале претседавано со ниту една владина седница.

„Вкупно: нула“, наведуваат од партијата.

Од ДУИ оценуваат дека ова, според нив, покажува каква е реалната политичка тежина на Албанците во актуелната Влада.

„Функцијата може да се нарекува ‘прв заменик-премиер’, може да има канцеларија, кабинет, службено возило и протокол, но ако повеќе од две години не ти е доверено раководењето со ниту една единствена седница на Владата, тогаш легитимно е да се постави прашањето: што е ‘прво’ во оваа функција?“, се наведува во соопштението.

Од партијата сметаат дека во претходните влади функцијата на замениците-премиери претставувала реален политички и институционален механизам на заедничко управување, додека денес, како што велат, е „сведена на декор“.

ДУИ оценува дека суштинското прашање не е колку функции имаат претставниците на Албанците во Владата, туку колкава одлучувачка моќ имаат.

„Бројката е немилосрдна: 0 претседавани седници со 0 одлучувачка моќ“, заклучуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

ВЛЕН: ДУИ го присвои Охридскиот договор и сега го кочи Законот за правична застапеност

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот договор ги доделила на организации од српската заедница