Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац тивко дадоа зелено светло за започнување на работите за реконструкција во јужниот дел на Појасот Газа, и покрај ветувањето дека реконструкцијата на територијата ќе започне дури откако палестинската милитантна група Хамас ќе се разоружа, објави денес израелското воено радио.

Работите за реконструкција, кои вклучуваат изградба на инфраструктура за домување, се одвиваат во источната област Рафа под контрола на Израелските одбранбени сили (ИДФ), но близу до Жолтата линија што ја формира линијата за прекин на огнот со Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.

Според медиумските извештаи, Нетанјаху и Кац дадоа зелено светло за започнување на работите за реконструкција во Појасот Газа пред две недели, без јавно да го објават потегот, бидејќи Меѓународните сили за стабилизација, кои треба да ја преземат контролата врз делови од територијата, се подготвуваа за распоредување.

Во воениот извештај се вели дека изведувачите и работниците од Газа ќе ја извршат работата откако ќе поминат безбедносни проверки.

„Досега, областа е исчистена од терористичка инфраструктура и тунели“, се вели во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи доставено до военото радио.

Министерството за надворешни работи соопшти дека работите на електричната, канализациската и водоводната инфраструктура нема да ги извршуваат жителите на Газа, туку ќе бидат надгледувани од страна на Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Коментирајќи го извештајот, израелската министерка за транспорт Мири Регев изјави дека работите за реконструкција би можеле да започнат во кој било дел од Газа што не е под контрола на Хамас.

„Сакаме Газа да се опорави“, рече Регев.

Би можело да ве интересира

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Синот на израелскиот амбасадор во САД тешко повреден на Западниот Брег: „Му треба чудо“

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

Нетанјаху по нападот на Западниот Брег: Ќе ги повикаме на одговорност сите терористи!

А1он