Нов скандал на Џани Инфантино

Од:

Европската фудбалска унија (УЕФА) ѝ исплатила шестцифрен износ на поранешна вработена за која извори на британскиот весник „Телеграф“ тврдат дека била во наводна врска со тогашниот генерален секретар на УЕФА, Џани Инфантино, објави британскиот весник.

Според наводите на „Телеграф“, жената за време на наводната врска била унапредена на раководна позиција, со зголемување на платата од околу 30 отсто, на повеќе од 170.000 евра годишно.

По нејзиното заминување од УЕФА, организацијата, според тие наводи, ѝ исплатила отпремнина и ги покрила трошоците за студирање на бизнис-школа, каде годишната школарина изнесувала околу 50.000 евра.

„Телеграф“ наведува, повикувајќи се на повеќе извори, дека тогашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, дознал за наводната врска и му поставил избор на Инфантино – или тој да остане на функцијата, или вработената да ја напушти организацијата.

Според тие извори, било договорено жената да ја напушти УЕФА, со финансиски пакет.

УЕФА потврдила дека на поранешната вработена ѝ била исплатена отпремнина и дека ѝ биле покриени трошоците за студирање, но навела дека исплатите биле во согласност со тогаш важечките правила за вработените кои ја напуштаат организацијата.

„Свесни сме за наводите и можеме да потврдиме дека на лицето му била исплатена отпремнина, заедно со покривање на трошоците за школарина за курс во локална бизнис-школа“, соопштил портпарол на УЕФА.

Тој додал дека правилата во однос на вработените биле заострени од 2016 година и дека сегашните правила се усогласени со стандардите на модерна меѓународна организација.

ФИФА, сепак, ги отфрлила наводите за несоодветно однесување на Инфантино.

„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, категорично ги отфрла овие наводи и тие се целосно неточни. Секоја инсинуација за несоодветно однесување или прекршување на статутите и прописите е клеветничка“, соопштил портпарол на ФИФА.

ФИФА, исто така, навела дека ниту еден вработен во УЕФА или ФИФА никогаш не поднел жалба во врска со однесувањето на Инфантино и дека сите одлуки поврзани со вработените, вклучително и нивното заминување и исплатата на отпремнини, биле одобрувани од надлежните раководители во согласност со тогаш важечките прописи.

„Телеграф“ наведува и дека наводната љубовница во УЕФА првично работела на административна позиција, а подоцна напредувала до раководна функција.

Според изворите на весникот, по нејзиното заминување од УЕФА, Инфантино наводно ѝ помогнал да добие ново работно место во слична област.

Весникот наведува дека нејзиното брзо напредување и односот со Инфантино предизвикале загриженост кај дел од вработените во УЕФА поради можен судир на интереси и злоупотреба на положбата.

Би можело да ве интересира

Инфантино со силна поддршка од Советот на ФИФА – на повидок нов претседателски мандат

Горан Наумовски

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА

ФИФА се повлече од контроверзниот план, Инфантино доби едногласна поддршка

ВИДЕО: Инфантино призна пораз, го повлече контроверзниот план за Светското првенство

Катерина Ѓуровски

Германски политичар бара забрана за Инфантино на сите стадиони во земјата

Џани Инфантино доби поддршка од 99 проценти од членовите на ФИФА за четврти мандат како претседател