ВИДЕО: Зеленски пристигна во Белград

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Белград, во својата прва официјална посета на Србија откако ја презеде функцијата претседател на Украина.

На белградскиот аеродром го пречека српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, а за денеска и утре се најавени средби со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацут.

„Ќе разговараме за проширување на економската соработка меѓу нашите земји, односите со Европската Унија, како и за безбедносни прашања и други области во кои можеме да најдеме практични решенија од заеднички интерес“, изјави Зеленски по пристигнувањето.

Главни теми на разговорите ќе бидат европската интеграција на двете земји, економската соработка, енергетиката и безбедноста.

Посетата се случува во период кога Србија се обидува да одржи добри односи и со Москва и со Брисел. Белград ја поддржува територијалната целовитост на Украина, но досега не им се приклучи на санкциите против Русија. Српскиот претседател Александар Вучиќ и денеска повтори дека Србија засега нема намера да ја промени таа политика.

Вучиќ и Зеленски веќе неколкупати се сретнаа од почетокот на руската инвазија врз Украина, а последната нивна средба беше минатиот месец во Киев, за време на Самитот Украина – Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

Нетанјаху: „Му честитам на мојот голем пријател Милорад Додик“

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Шмит предупредува: „Следната година нè очекуваат обиди на Додик за поделба на БиХ, бараме алатки за реакција“

Обложувалниците ги објавија квотите за премиер на Србија: Вучиќ апсолутен фаворит

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ново насилство: Припадници на „Студентската листа“ повторно нападнаа жени во Ваљево