ВИДЕО: Објавени нови НЛО снимки кои ја шокираат јавноста, истражителите без објаснување

Од:

Американското Министерство за одбрана објави нов пакет историски документи и видеоснимки за неидентификувани аномални појави (UAP), во рамки на иницијативата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за поголема транспарентност.

Објавените материјали опфаќаат снимки создадени во различни периоди и на повеќе локации низ светот. На нив се забележуваат необјаснети објекти кои се движат со голема брзина, лебдат или емитуваат светлина, а дел од случаите и понатаму немаат официјално објаснување.

Меѓу документите се наоѓа и воена анализа од 1953 година, во која истражителите наведуваат дека анализираните објекти покажуваат карактеристики што не одговараат ниту на природни појави, ниту на тогаш познати типови летала.

Во поновите архиви е вклучен и извештај на ФБИ од 2026 година, во кој американски државјанин пријавил три одделни средби со неидентификувани аномални појави во рок од пет часа на западниот дел од САД.

Од американската администрација нагласуваат дека целта на објавувањето на документите не е да се наметне одреден заклучок, туку јавноста да добие пристап до што повеќе информации и самостојно да ги оцени достапните докази.

Сите објавени документи и видеоматеријали се достапни на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана на САД.

Би можело да ве интересира

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа

Белгиец потрошил околу 10.000 евра верувајќи дека е во емотивна врска со канадската пејачка Селин Дион

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пронајдено момче во Беринговото Море – речиси три дена пловел на превртен чамец

Бој Џорџ предизвика хаос со про-израелска песна: „Постојано чувствувам анксиозност, животот ми се промени од корен“

Дигиталната забава бара повеќе од добар дизајн: Како возрасните ја избираат вистинската онлајн платформа