KORPA ПРВА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА ВО МАКЕДОНИЈА КOJA ВОВЕДЕ ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ APPLE PAY И GOOGLE PAY

Од:

Помалку чекори при плаќањето, поголема удобност при секоја нарачка – новите опции за плаќање преку Google Pay и Apple Pay го прават купувањето преку Korpa уште поедноставно.

Korpa, домашната онлајн палтформа за нарачка и достава на храна и намирници, е првиот е-трговец во Македонија што воведе плаќање преку Apple Pay и Google Pay. Оваа новина е особено значајна во време кога мобилниот телефон станува главен канал за секојдневно купување – од омилен оброк, до намирници и мебел за дома, па затоа се потребни повеќе можности за крајните купувачи со помалку чекори.

 

Kорисниците очекуваат брзо нарачување и едноставно плаќање. Наспроти тоа, регулаторните барања за дополнителна автентикација при онлајн плаќање, воведени на почетокот од годинава, чија цел е обвезбедување дополнителна сигурност и заштита на корисниците, внесоа повеќе чекори при потврдување на онлајн трансакциите. Кај најголем дел од трансакциите е потребна потврда преку апликацијата на банката, што бара префрлување меѓу апликации и го прави процесот на нарачување подолг и посложен.

 

Како одговор на потребата за поедноставен процес, Korpa ги воведе Apple Pay и Google Pay во соработка со Шпаркасе банка и Monri, кои го овозможуваат ова техничко решение. Купувачите сега можат да платат со картичката што веќе ја имаат зачувано во својот дигитален паричник – Wallet, без потреба од дополнителна потврда преку апликацијата на банката. На овој начин, плаќањето станува побрзо и поедноставно, со високо ниво на безбедност. Овие опции се особено практични за корисниците кои претпочитаат да не ги зачувуваат податоците од своите платежни картички на платформата, бидејќи плаќаат преку картичката што веќе ја користат во својот дигитален паричник.

 

Покрај воведување на новите опции за плаќање, 2026 година за Korpa е во знакот на значајни новитети. Компанијата годинава ја лансираше Korpa Premium – програма за бесплатна достава и поволности за корисниците, како и Korpa Market – онлајн супермаркет кој овозможува брзо и едноставно купување намирници и производи за секојдневна употреба, со достава за околу 40 минути.

Со овие новитети, Korpa продолжува да го поедноставува секојдневното купување и дигитално искуство – од изборот на производи и плаќањето, до доставата.

Би можело да ве интересира

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Рајан Гослинг го оживува рок-бендот по 17 години пауза

Нетфликс започна со снимањето на третата сезона на „The Gentlemen“, во актерската екипа се Елајџа Вуд, Орландо Блум и Роберт Карлајл

Предраг Петровиќ

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

(ВИДЕО) Селин Дион падна на сцената пред илјадници луѓе: Нејзината реакција стана хит на мрежите

Македонски тим на олимпијадата по роботика во Јужна Кореја