Откако беше официјализиран еден од најизненадувачките трансфери ова лето – преминот на Мохамед Салах во турскиот Трабзонспор – откриени се и деталите од неговиот договор, според кои Египќанецот ќе биде меѓу најплатените фудбалери во Европа.
Салах потпиша двегодишен договор со Трабзонспор, каде што пристигна како слободен играч по истекот на договорот со Ливерпул. На аеродромот го пречекаа околу 25.000 навивачи на турскиот клуб.
Многумина се прашуваа зошто токму Трабзонспор, со оглед на тоа што 34-годишниот напаѓач сè уште можеше да настапува за некој од најголемите европски клубови. Дополнително изненадување беше што не избра некој од турските великани како Галатасарај, Фенербахче или Бешикташ.
Причината, според турските медиуми, е неговата плата. Салах ќе заработува 17 милиони евра годишно, со што стана најплатениот фудбалер во историјата на турскиот фудбал.
Досегашниот рекордер беше Виктор Осимен, кој во Галатасарај заработуваше 15 милиони евра годишно.
Покрај основната плата, договорот на Салах предвидува и бројни бонуси, со кои неговата заработка може дополнително да се зголеми.
Останува да се види дали доаѓањето на египетската ѕвезда ќе му помогне на Трабзонспор да се вклучи во борбата за шампионската титула, која во последните години доминантно ја освојува Галатасарај.
