(ВИДЕО) Јамајканец го изведе еден од најлошите пенали во историјата на фудбалот

Од:

Првиот натпревар од полуфиналето на КОНКАКАФ Карипскиот куп, помеѓу Сандо (Тринидад и Тобаго) и Маунт Плезант (Јамајка), заврши со резултат 1:1.

Ворнер Браун постигна гол за гостите во 11-тата минута, а Даниел Дејвид израмни во 56-тата минута.

Penalty kick at the Caribbean Cup semifinal
by
u/Tutule in
soccer

Оваа вест можеби и не би била толку интересна, но за нејзиното проширување низ целиот свет се погрижи Трејвон Рид, 26-годишниот играч за врска на Маунт Плезант.

Тајната лежи во неговата исклучително лоша изведба на пеналот во 36-тата минута, во момент кога неговиот тим водеше со 0:1.

Рид зеде долг залет, а потоа околу 15 секунди бавно чекореше кон топката, за на крајот да упати млак удар, речиси по средината на голот, кој 23-годишниот домашен голман Тешорн Рагу лесно го одбрани.

Ова е веројатно еден од најлошите пенали во историјата на фудбалот и набрзо стана предмет на потсмев на интернет.

Реванш натпреварот е закажан за 23 октомври.

Би можело да ве интересира

Најава за враќањето на Роналдињо на терените: „Магијата никогаш не исчезна, се враќа на 15 ноември“

Предраг Петровиќ

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Херојот на Мундијалот не ужива во славата: Би го вратил животот што го имав претходно!

А1он

Деко за изборот за „Златната топка“: Тоа е светски скандал!

А1он