Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана, соопшти Министерството за здравство.

Надзорите се спроведени во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а се земени и изјави од здравствените работници вклучени во третманот.

Сепак, имајќи ги предвид сериозните здравствени компликации на пациентката, донесено е решение за спроведување стручен надзор над целокупниот тек на нејзиното породување и натамошно лекување. Комисијата за стручен надзор е составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија, информираат од Министерството.

Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки, наведуваат од Министерството и додаваат дека по завршувањето на стручниот надзор ќе ја информираат јавноста за наодите и заклучоците.

Би можело да ве интересира

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Почина 34-годишна родилка на Гинекологија

А1он