Пожарникарите изгаснаа 18 пожари, еден е сè уште активен

Од:

Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 7.30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата „Делчево“.

ЦУК информира дека се изгаснати 18 пожари: Општина Карпош: ул. Скупи бб (ѓубре и бандера); Општина Петровец: с. Огњанци (ѓубре); Општина Бутел: с. Визбегово (ѓубре); Општина Битола: с. Логоварди (слама во двор); Општина Битола: м.в. Ергела (ниска вегетација); Општина Богданци: помеѓу с. Стојаково и с. Селемли (дива депонија); Општина Прилеп: ул. Дебарца, м.в. Теќе (дива депонија); Општина Долнени: с. Житоше (ниска вегетација); Општина Кавадарци: с. Дреново (ниска вегетација); Општина Неготино: кај Градски гробишта (ниска вегетација); Општините Виница и Зрновци: помеѓу с. Зрновци и с. Лески (стрниште); Општина Липково: помеѓу с. Слупчане и с. Ваксинце (ниска вегетација); Општина Кратово: с. Талашманце (ниска вегетација, грмушки и неколку багреми); Општина Ранковце: с. Герман (ниска вегетација); Општина Желино: с. Горна Лешница (ниска вегетација и ѓубриште); Општина Теарце: с. Теарце (ниска вегетација, грмушки, меѓи и стрништа); Општина Гостивар: во близина на Ѓоновички мост (ниска вегетација и ѓубриште); Општина Гостивар: с. Падалиште (шума).

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски