СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Од:

Министерот Клековски вчера објави дека анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август. Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели. Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна. За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени, велат од СДСМ.

– Министерот за полиција Тошковски прави хиперхлорирање и им рече на граѓаните „пуштете ја водата да истече“. Директорот Стојанче Ангелов јавно потврди дека има опасна бактерија во водата. А сега ќе чекаме до 20 август да чуеме официјална анализа. Власта си игра со животите на луѓето. Ја отруја и болницата во Гостивар. Пациентите се префрлаат во Тетово. Во болницата сред епидемија дежура еден инфектолог и неколку специјализанти – плус дерматолози. Мицкоски труе народ. Клековски, Тошковски и целата екипа ќе одговараат. Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење и целосно немање на одговорност, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите