ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Од:

За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6%. Зголемувањето во Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, велат од ДУИ.

– Ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа храна, повисоки трошоци за земјоделците и бизнисите, како и нов притисок врз инфлацијата. Секој камион што носи стока до маркетите, секој автобус и секое работно возило денес чини повеќе. На крајот, сето тоа се пресликува во цената што ја плаќа граѓанинот.

Владата ги остави граѓаните сами пред најголемото поскапување на дизелот во последните години. Додека другите земји интервенираат со намалување на акцизите, субвенции и мерки за заштита на семејствата, кај нас цената се приближува до 100 денари, а платите и пензиите остануваат исти. По ова поскапување следува нов бран на поскапувања. Сметката ќе стигне во секој дом, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ го присвои Охридскиот договор и сега го кочи Законот за правична застапеност

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот договор ги доделила на организации од српската заедница

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината