СДСМ обвини дека Владата, преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од околу 100.000 евра, поврзан со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар.
Од опозициската партија тврдат дека договорот бил склучен по пат на директно договарање, без спроведување јавен оглас.

Според СДСМ, договорот е склучен со компанијата „Кожувчанка“, за која наведуваат дека е во сопственост на градоначалникот на Кавадарци, а постапката, како што тврдат, ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.
Во соопштението, СДСМ ја обвинува Владата за нетранспарентно постапување и оценува дека, додека граѓаните се соочуваат со последиците од загадената вода во Гостивар, институциите не преземаат соодветни мерки, а се склучуваат договори без јавна постапка.
Од Владата и од СОЗР засега нема реакција на обвинувањата изнесени од СДСМ.
