Епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, соопшти денеска Министерството за здравство.
Според податоците, вчера биле регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во однос на претходниот ден, кога биле евидентирани 57 прегледи.
Од Министерството посочуваат дека, и покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во споредба со 18 јули, кога бил достигнат пикот со 649 први прегледи.
