Македонец фатен на српски граничен премин по меѓународна потерница од Грција

Од:

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Србија, Управата за криминалистичка полиција, Одделот за меѓународна оперативна полициска соработка (Интерпол), во соработка со полициски службеници од Управата за гранична полиција, го уапсија З.В. (1969), државјанин на Република Македонија, по кого е распишана меѓународна потерница на барање на Грција за издржување затворска казна од 16 години за кривично дело основање криминална организација со цел извршување на кривично дело компјутерска измама.

З.В. е уапсен на граничниот премин „Богоево“, на влезот во Србија, и постапката за негова екстрадиција во Грција е во тек, информираа српските власти.

Би можело да ве интересира

Фатена е криминална група во Солун – прошверцува над 17 милиони цигари

А1он

Уапсен е поранешниот српски министер за економија

Катерина Ѓуровски

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Уапсен е гостиварец (60) – со години ја принудуваше својата мајка (80) да питачи на улица

А1он