Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Од:

Судскиот совет денеска го избра Зоран Герасимовски за вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје, откако за неговото именување гласаа девет членови на Советот.

Пред гласањето за Герасимовски, членовите на Судскиот совет се изјаснија за предлогот функцијата привремено да ја извршува судијката Тања Милева. Нејзината кандидатура доби поддршка од двајца членови, додека останатите гласаа против, поради што предлогот не беше усвоен.

Потоа на дневен ред беше ставен предлогот Зоран Герасимовски да биде именуван за вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје. За него гласаа девет членови на Судскиот совет, а двајца беа против.

Со оваа одлука, Герасимовски ќе ја извршува функцијата до изборот на претседател на судот во редовна постапка.

Герасимовски има долгогодишно судиско искуство. За судија во Основниот суд Тетово беше избран во 2005 година, а од 2017 година е судија во Апелациониот суд Скопје. Во 2022 година беше избран за член на Судскиот совет од редот на судиите, но една година подоцна поднесе оставка, наведувајќи дека поради несогласувања околу работата на Советот ќе може поефикасно да придонесува како судија во Апелациониот суд.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Апелација ги зголеми казните на 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба

А1он

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ