Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел

Од:

Американските напади врз Иран се привремено суспендирани за да им се даде уште една шанса на преговорите, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека би можел да нареди воена акција доколку дипломатските напори не успеат.

Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека тековните преговори имаат за цел да постигнат нов договор што ќе го отвори Ормутскиот теснец и ќе ги обнови разговорите за сеопфатен договор за нуклеарната програма на Иран. Како што наведе, преговорите се водат главно меѓу Иран и Оман, додека Катар, Пакистан, Египет, како и претставниците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, исто така активно учествуваат.

„Водиме многу сериозни разговори со Иран. Ако не успеат, ќе се вратиме на многу силна воена акција“, рече Трамп.

Кога го прашаа колку време е подготвен да остави за дипломатија, американскиот претседател одговори: „не многу“. „Или ќе се случи брзо или воопшто нема да се случи“, рече Трамп.

Тој рече дека одлуката за привремено запирање на нападите ја донел во петокот на барање на земјите што посредуваат во преговорите.

„Сите вклучени во разговорите со Иран ме замолија да не наредувам напади“, рече Трамп, додавајќи дека верува оти Техеран е заинтересиран за постигнување договор.

Објаснувајќи ја својата одлука да го прифати барањето на медијаторот, Трамп рече дека „ниту добил ниту изгубил ништо“ со тоа. Според него, по запирањето на нападите, цените на нафтата паднале, додека индексите на берзата забележале пораст.

Трамп, исто така, објави дека ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа во вторник, пренесува Танјуг.

„Ќе разговарам со Биби (прекарот на Нетанјаху) за фактот дека Иран досега ќе имаше нуклеарно оружје и дека Израел ќе беше уништен доколку јас не бев претседател“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Иран крена тревога: Нетанјаху избега од Израел

Иран: Повеќе од 200 американски војници се убиени, многу повеќе се ранети

(ВИДЕО) Зеленски: Иран ни се заканува, но нè нападна одамна

Првремено примирје меѓу САД и Иран, падна цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Трамп ги запре нападите врз Иран по предупредувањата од американската војска

Техеран со остар одговор за нападот од Украина: „Овој авантуризам ќе има последици“

Предраг Петровиќ