Судот ѝ одреди притвор на Македонката обвинета дека прегазила куче во Црна Гора

Од:

Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝ одреди мерка притвор до 30 дена на Сашка Стојановска (43), државјанин на Македонија, поради основано сомнение дека еден ден пред тоа извршила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, објави црногорсиот портал „Вијести“.

Претходно, Основното државно обвинителство (ОДТ) во Улцињ ѝ одреди мерка притвор до 72 часа и до Основниот суд во Улцињ поднесе предлог за притвор поради сомнение дека сторила кривично дело, на начин што, како што објави таа институција, го прегазила и убила кучето на сопственикот од расата „Шарпланинец“ во близина на булеварот Теута со патничко возило „мерцедес“.

„На 25 јули 2026 година, истражниот судија на Основниот суд во Улцињ одреди притвор на осомничената С.С. (43) од Скопјe до 30 дена, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште по член 309 став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора.

Имено, како што е основано сомнение, осомничената прегазила и убила куче од расата Шарпланинац со своето возило. Притвор на осомничената ѝ е одреден врз основа на член 448 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка поради постоење на околности што јасно укажуваат на опасност осомничената да избега и со тоа да го попречи понатамошниот тек на постапката“, информираа за „Вијести“ од Одделот за односи со јавноста на Основниот суд во Улцињ.

Би можело да ве интересира

Македонска државјанка уапсена во Косово поради измама

Горан Наумовски

Еврејската заедница во Македонија потврди, 19 годишната девојка киднапирана од Хамас има македонско потекло

Анита Петровска Рајковиќ

Пронајдена исчезнатата Македонка во Грција – се качила во погрешен автобус

Анита Петровска Рајковиќ

Македонка исчезнала во Грција – семејството на Фејсбук моли за информации

А1он