Белата куќа со ново видео ја шокираше јавноста: Кејти Пери итно се огласи

Од:

Пејачката Кејти Пери остро ја критикуваше Белата куќа поради користењето на нејзиниот хит „Firework“ од 2010 година во објава на платформата TikTok, која содржи снимки од воени напади врз Иран.

Во видеото, објавено на официјалниот профил на Белата куќа на TikTok, стиховите од песната се усогласени со снимки од бомбашки експлозии, придружени со натписот: „Иран е предупреден“.

„Длабоко сум згрозена и лута што гледам како песната Firework се користи на TikTok-профилот на Белата куќа како музичка подлога за снимки од воени напади“, напиша Кејти Пери во објава на платформата X.

@whitehouse

Iran has been warned. 🎆

♬ original sound – The White House

Таа додаде дека не дала дозвола за користење на песната и дека апсолутно не го одобрува тоа.

„Оваа песна ја напишав како химна на надежта, исцелувањето и внатрешната сила за луѓето кои минуваат низ најтешките моменти во животот“, продолжи Пери.

Пејачката истакна дека злоупотребата на пораката за личната вредност и охрабрувањето како музичка подлога за уништување и насилство претставува целосно предавство на сè што симболизира нејзината песна.

„Мојата музика е создадена за да ги поврзува луѓето, а не да го велича војувањето“, порача Кејти Пери.

Би можело да ве интересира

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа

Белгиец потрошил околу 10.000 евра верувајќи дека е во емотивна врска со канадската пејачка Селин Дион

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пронајдено момче во Беринговото Море – речиси три дена пловел на превртен чамец

Бој Џорџ предизвика хаос со про-израелска песна: „Постојано чувствувам анксиозност, животот ми се промени од корен“