Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

Од:

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа.

На граничниот премин Табановце, пак, за влез во државата се чека околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.

Би можело да ве интересира

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава