Бахреин и Кувајт утрово соопштија дека биле цел на ирански ракетни и беспилотни напади.
Сирени за воздушен напад беа вклучени во Бахреин само неколку часа откако американската војска соопшти дека ја завршила тринаесеттата ноќ напади врз Иран, објави Ал Џезира.
Кувајската војска соопшти дека активирала воздушна одбрана преку ноќ за да се спротивстави на иранските ракетни и беспилотни напади.
Кувајт е една од неколкуте земји од Персискиот Залив кои беа цел на ирански напади откако тензиите меѓу САД и Иран повторно се разгореа пред две недели.
