И водата во Крушево е неисправна за пиење

Од:

Водата за пиење во Крушево моментално е бактериолошки неисправна, поради што граѓаните треба да користат пакувана вода за пиење, соопшти Јавното претпријатие „Комуна“, повикувајќи се на најновите анализи на Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Од претпријатието информираат дека при испитувањата е утврдена бактериолошка неисправност и на водата од крајпатните чешми кај бензинската пумпа и „Св. Петка“, поради што тие не смеат да се користат за пиење.

До добивање на потврда дека водата е безбедна, жителите се советуваат водата од градскиот водовод да ја користат за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови исклучиво по превривање во траење од најмалку 10 минути.

Од „Комуна“ посочуваат дека редовно се спроведува хлорирање на водоводната мрежа, како и секојдневна контрола на нивото на хлор, со цел што побрзо да се нормализира состојбата.

Препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни лабораториски анализи кои ќе потврдат дека водата е здравствено исправна.

Надлежните најавуваат дека Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе продолжи со засилен мониторинг и ќе биде во постојана координација со институциите, а јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови резултати и евентуални промени на препораките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање

Клековски: Состојбата во Гостивар се стабилизира, нема нови хоспитализации

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

ВИДЕО: Филипче тврди дека има загадување на водата со колиформни бактерии и во болницата во Лешок

Трет ден продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Горан Наумовски

Надлежните предупредуваат: Водата во Гостивар не е безбедна за пиење и за употреба

Горан Наумовски