Европа договори нов удар за Путин: нови мерки за банки, нафта и „сенката флота“

Од:

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија денеска постигнаа договор за 21-от пакет санкции против Русија, по неколкудневни преговори во кои последна пречка беше барањето на Грција нејзините шпедитери да продолжат да транспортираат руски течен природен гас наменет за трети земји.

Според дипломатски извори, попладнево ќе биде започната писмена постапка за формално усвојување на пакетот.

Компромисот предвидува ограничено изземање од забраната за транспорт на руски течен природен гас кон трети земји, но само за договори склучени пред 24 февруари 2022 година, денот кога Русија ја започна инвазијата врз Украина. Советот на ЕУ ќе ја преиспитува оваа одлука еднаш годишно.

Пакетот вклучува и замрзнување на ценовниот плафон за руската нафта на 44,10 долари за барел во период од 12 месеци. Од Брисел оценуваат дека оваа мерка ќе ги намали приходите на Москва од извозот на нафта, особено во услови на повисоки светски цени предизвикани од тензиите на Блискиот Исток.

Со новите санкции се проширува и листата на санкционирани физички и правни лица, која според ЕУ е најобемна досега. Предвидени се дополнителни ограничувања за рускиот финансиски сектор, нови мерки против платформите за криптовалути, како и трговски рестрикции насочени кон руската воена индустрија. На листата се додадени и нови бродови поврзани со таканаречената „сенка флота“ што ја користи Русија за транспорт на нафта.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави договорот, оценувајќи дека санкциите продолжуваат да ги поткопуваат економските капацитети на Русија за водење на војната.

„Ја поздравувам спогодбата за 21-от пакет санкции против Русија. Во време кога Украина добива воен моментум, нашите санкции продолжуваат да ги ослабуваат економските темели на воените напори на Русија“, напиша фон дер Лајен на социјалната мрежа X.

Таа посочи дека со пакетот се прави важен чекор кон формална забрана за влез на руски борци во ЕУ, а дополнително на листата за забрана на трансакции се ставени уште 32 руски банки и платформи за тргување со криптовалути и нафта. Според неа, за првпат санкциите директно ги таргетираат и бродовите што ја поддржуваат руската „сенка флота“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Која е целта на нападите на Украина на „рускиот амазон“

Катерина Ѓуровски

Лавров ја пренесе пораката на Путин: Русија не планира напад, но ќе одговори неконвенционално на нападот од Европа

Блумберг: Путин планира тампон-зони во Украина

ВИДЕО: Огромни пожари избувнаа по украинските напади на територија на Русија и на Крим

Катерина Ѓуровски

Разрешениот началник на украинската армија ја испрати последна порака до украинскиот народ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силен украински напад на значајни цели во Русија

Катерина Ѓуровски