Филипче: Намерното запирање на европскиот пат е форма на државен удар

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции оцени дека Македонија стагнира на патот кон Европската Унија, додека останатите земји кандидати бележат напредок, предупредувајќи дека намерното блокирање на евроинтеграциите претставува „форма на државен удар“.

Според него, проширувањето е еден од главните приоритети на Европската Унија, што се потврдува со забрзаните чекори кон земјите кандидати, но Македонија останува единствената без отворено преговарачко поглавје.

„Секој ден гледаме како регионот оди напред. За жал, ние стоиме во место. Кога регионот оди напред, а ние не правиме ништо, тоа е и назадување. Се поставува прашањето дали намерното запирање на европскиот пат не е форма на државен удар“, рече Филипче.

Тој потсети на клучните моменти од евроатлантскиот пат на државата – од независноста, преку Преспанскиот договор и членството во НАТО, до почетокот на пристапните преговори со ЕУ – оценувајќи дека земјата денес се соочува со застој поради политиките на актуелната власт.

Филипче се повика и на последните извештаи на Европската комисија, во кои, како што рече, се нотирани сериозни забелешки за владеењето на правото, влијанието врз правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и странските влијанија во регионот.

Според него, се покажало дека тврдењата оти Преспанскиот договор го загрозува идентитетот и јазикот не се точни, а членството во НАТО, како што рече, донело исклучиво придобивки за државата.

Филипче нагласи дека Македонија нема алтернатива на членството во Европската Унија и дека пристапниот процес е единствениот начин за суштински реформи и пристап до европските фондови.

„Ние сме единствената земја која нема отворено поглавје за преговори, додека Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина веќе напредуваат кон членство“, рече тој.

На крајот од обраќањето, Филипче упати прашање до евроамбасадорот Михалис Рока што ќе се случи доколку земјата остане во статус кво и дали Македонија ќе може да смета на средства од следниот седумгодишен буџет на Европската Унија доколку не продолжи со евроинтегративниот процес.

Би можело да ве интересира

Филипче: Една недела Мицкоски на екскурзија во САД, а ниту една конкретна средба или резултат за Македонија

Катерина Ѓуровски

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Рокас: Фон дер Лајен се надевам ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%