ВИДЕО: Уапсена е директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани

Од:

Полицијата ја уапси директорката на ЈП „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани. Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници – техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши.

„Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод. Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар“, информираат од МВР.

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска објави дека директорката на гостиварски „Комуналец“ и дел од раководството на претпријатието се суспендирани од работа.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски