Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Од:

Билбордот со натпис „Добредојдовте во Скопје“, кој беше поставен во петокот вечерта од страна на Град Скопје, денеска е отстранет по бројните реакции и критики што се појавија на социјалните мрежи.

Паното предизвика бурни коментари кај јавноста веднаш по неговото поставување. Дел од граѓаните посочија дека во изработката најверојатно била користена вештачка интелигенција, при што, според нив, биле направени повеќе пропусти во прикажувањето на препознатливите скопски обележја и градската архитектура.

На социјалните мрежи беа споделувани фотографии и коментари во кои се укажуваше на нереални прикази на објекти и на несоодветно претставени симболи на главниот град, поради што билбордот стана тема на јавна дебата.

Во текот на денот, граѓани објавија фотографии од локацијата на кои се гледа дека паното е демонтирано. Засега нема официјално соопштение од Град Скопје за причините за неговото отстранување.

Исто така, градските власти досега не објавија информации за тоа кој е автор на визуелното решение, ниту дали билбордот бил изработен во рамки на конкретен договор или јавна набавка.

Случајот предизвика интерес во јавноста и отвори прашања за начинот на подготовка и избор на визуелни содржини што го претставуваат главниот град.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра