Регистрирани се вкупно пет пожари на отворен простор низ државата во текот на денов до 13 часот, а од нив, сѐ уште активни се три, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Ниска вегетација гори во село Желино. Опожарена е ниска вегетација и кај патарината кон Гостивар во општина Боговиње. Третиот активен пожар е на територија на општина Крива Паланка, во подрачјето на место викано „Думачка Маала“. Таму горат ниска вегетација и багреми.
Од изгаснатите пожари, првиот е во општина Струмица, на подрачјето на село Просениково, каде опожарено било ѓубре, а вториот бил во регионот на село Старо Нагоричане, каде горела ниска вегетација.
