Судот стави крај на случајот „Тотал“ – обвинението против Латас е одбиено

Од:

Предметот „Тотал“ на поранешното Специјално јавно обвинителство кој се однесува на даночно затајување од страна против новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот, откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост.

Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај годинава.

– Во конкретната постапка, која во овој суд се води од октомври 2017 година, обвинети се Д.П. – Л. како физичко лице, и три правни лица од Скопје, за кривичното дело Даночно затајување. Предметот неколку пати почнуваше од почеток заради промена на надлежноста на јавниот обвинител и преземање на предметот од едно во друго обвинителство, за на последното рочиште, надлежниот Јавен обвинител, во завршен збор да се откаже од понатамошно гонење на обвинетите. Имено, обвинителот, имајќи ги предвид наводите во вештиот наод и мислење најпрвин направил измени во обвинителниот акт, по што утврдил дека за две од обвинети правни лица во постапката, не се исполнети елементите кои го чинат законскиот опис на пријавеното кривично дело – Даночно затајување, додека за едно правно лице и обвинетиот Д.П. – Л. во меѓувреме настанала апсолутна застареност на кривичното гонење. Заради сето тоа, судот постапил согласно Законските одредби и ја донел наведената пресуда – се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Пресудата од 25 јуни годинава е правосилна и веќе се изготвени решенија за трошоци на странките, а штом истата ќе биде анонимизирана истата, како што посочуваат од Кривичен, ќе биде објавена на веб страницата на судот.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он