Песков: Москва не му пренела никакви пораки на Зеленски преку Вучиќ

Од:

Москва не му пренела никакви пораки на украинскиот претседател Володимир Зеленски преку српскиот претседател Александар Вучиќ, кој пристигна во Киев, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Не, не пренесовме никакви пораки, изјави тој за новинарите, одговарајќи на новинарско прашање дали руската страна му пренела какви било пораки на Зеленски преку Вучиќ, пренесува „Спутник“.

Зборувајќи за евентуалното посредништво на Белград во украинскиот конфликт, портпаролот на рускиот претседател рече дека Србија досега не била вклучена во посредничките напори.

Би можело да ве интересира

Москва: Спречен е напад на Киев врз руски воени аеродроми

Градоначалникот на Москва призна: Ова е најголемиот напад на украинските сили во последните две години

Украинците нападнаа рафинерија во Москва – снимен е моментот на нападот

Лукашенко: Москва е гарант на новиот светски поредок

Украина започна напади врз Русија – Москва е на удар

Москва со закана до Вашингтон: Отстранете го нуклеарното оружје од Европа

А1он